Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни
    Политика

    Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни

    27/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Досегашните билатерални средби меѓу Македонија и Бугарија не донеле суштински резултат, а во идните разговори треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МТВ. Тој ги опиша досегашните контакти како средби „колку да се случат“ и оцени дека по нив двете страни често излегуваат со различни толкувања за она што било разговарано.

    Според Мицкоски, токму затоа присуството на претставници на ЕУ би овозможило европските партнери директно да ги слушнат аргументите и на Скопје и на Софија. Тој смета дека меѓу двете земји фактички постои билатерален спор и дека неговото решавање треба да се бара преку дијалог додека процесот е сè уште во почетна фаза. Премиерот оцени дека Софија е резервирана кон присуството на трета страна бидејќи тоа, според него, би значело признавање дека навистина станува збор за билатерален спор.

    „Нашата идеја кога велиме да се вклучи и Европската Унија е со цел да ги слушнат и нашите аргументи и аргументите на другата страна. Јас знам која е загриженоста од страна на официјална Софија. Тие велат: ‘ако ние седнеме во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина имаме билатерален спор’. И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме, да се правиме дека немаме, ние во суштина навистина имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток. И додека е на почеток, јас тоа го кажав и во мојот говор вчера, ние треба да водиме дијалог и токму поради тоа ни се потребни претставници на мултилатерални организации, во случајов Европската Унија, за да ги слушнат аргументите“, изјави Мицкоски.

    Премиерот нагласи и дека Владата не сака да влезе во процес на евроинтеграции во кој однапред нема јасна перспектива за неговиот крај. Според него, отворањето на преговорите само по себе не е доволна гаранција бидејќи во текот на процесот постојат повеќе моменти кога одлуките зависат од земјите членки на ЕУ. Тој стравува дека тоа би можело да отвори простор за нови барања и блокади од Бугарија во различни фази од преговорите.

    Мицкоски порача дека нема да прифати процес во кој условите постојано би се менувале и би се појавувале дополнителни барања. Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН тој претходно оцени дека македонскиот евроинтегративен процес трае „надвор од секој разумен временски рок“ и побара од ЕУ поголема предвидливост и почитување на правилата.

    Владата, според премиерот, има свои предлози за надминување на спорот и смета дека решение треба да се бара заеднички со Бугарија. Како аргумент ја посочи и соработката во НАТО, каде што двете држави се сојузници, оценувајќи дека партнерски однос треба да постои и во процесот на европска интеграција.

    Мицкоски смета дека членството на Македонија во ЕУ треба да биде и во интерес на официјална Софија доколку двете земји сакаат да градат добрососедски односи. Бугарското МНР претходно соопшти дека пристапувањето на Македонија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции, но истовремено останува на ставот дека земјата треба да ги исполни преземените обврски.

    Премиерот нагласи дека Владата ја користи секоја средба со меѓународните партнери за да ги претстави македонските позиции и аргументи за евроинтегративниот процес. Тој посочи дека тоа се прави и во разговорите со стратешките партнери, меѓу кои и Соединетите Американски Држави.
    Според Мицкоски, целта е соговорниците директно да бидат запознаени со позициите на Владата, а потоа самите да проценат дали македонските аргументи се оправдани.

    Поврзани вести:

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ

    Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ

    Гаши со европратениците разговараше за реформите, транспарентноста и евроинтеграциите

    Гаши со европратениците разговараше за реформите, транспарентноста и евроинтеграциите

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    Левица најави измени на Изборниот законик ако не продолжи дијалогот до понеделник

    Левица најави измени на Изборниот законик ако не продолжи дијалогот до понеделник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бугарија еу Мицкоски спор
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    26/09/2026

    Премиерот од ОН: Македонија не се откажува од ЕУ, но бара процес заснован на заслуги

    25/09/2026

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.