Под влијание на циклонска активност, денеска во Македонија ќе преовладува облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално се очекуваат пообилни врнежи со над 30 литри дожд на квадратен метар. Дождот ќе продолжи и во текот на ноќта, како и утре претпладне.
Во Скопје врнежи се очекуваат попладне и во текот на ноќта, а во делови од котлината повремено ќе бидат со засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Од недела следува потопло време со сончеви периоди и дневни температури од 18 до 27 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
