Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Трагедија на автопатот Куманово – Скопје: Две лица загинаа во тежок судир
    Хроника

    Трагедија на автопатот Куманово – Скопје: Две лица загинаа во тежок судир

    20/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Две лица го загубија животот, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на селото Агино Село.

    Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата била пријавена околу 21:35 часот. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишен жител на Скопје, и „опел корса“, исто така со скопски таблички, зад чиј волан бил 27-годишен скопјанец.

    На местото на несреќата животот го загубиле двајца сопатници од „опел корса“ – 49-годишна жена и 71-годишно лице, двајцата од Скопје.

    Во несреќата тешки телесни повреди добила 48-годишна сопатничка од истото возило, додека 27-годишниот возач и уште една 28-годишна сопатничка се здобиле со телесни повреди. Повредените биле пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово во координација со јавен обвинител. По негова наредба, возачот на „мерцедесот“ бил лишен од слобода, а по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во интервенцијата учествувале и пожарникари од Територијалната противпожарна единица, кои помогнале при обезбедувањето на местото на несреќата.

    Поврзани вести:

    Црн ден на патиштата: 17-годишна девојка го загуби животот кај Битола

    Црн ден на патиштата: 17-годишна девојка го загуби животот кај Битола

    Приведен стружанец осомничен дека предизвикал пожар кај Враништа

    Приведен стружанец осомничен дека предизвикал пожар кај Враништа

    МВР приведе 16 лица во голема акција против дрога низ Македонија

    МВР приведе 16 лица во голема акција против дрога низ Македонија

    Пешак тешко повреден откако го удрил автомобил на автопатот кај Мирковци

    Пешак тешко повреден откако го удрил автомобил на автопатот кај Мирковци

    Инцидент во основно училиште во Чаир, нападнат ученик

    Инцидент во основно училиште во Чаир, нападнат ученик

    Трагедија во Охрид: Мопедист загина по пад на коловозот

    Трагедија во Охрид: Мопедист загина по пад на коловозот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    жртви куманово сообраќајка трагедија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Црн ден на патиштата: 17-годишна девојка го загуби животот кај Битола

    20/09/2026

    Приведен стружанец осомничен дека предизвикал пожар кај Враништа

    19/09/2026

    МВР приведе 16 лица во голема акција против дрога низ Македонија

    19/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.