Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Во Бутел никнува мега парк од 50.000 квадрати на местото на поранешна депонија
    Скопје

    Во Бутел никнува мега парк од 50.000 квадрати на местото на поранешна депонија

    19/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На местото каде со години се создаваше дива депонија, во скопската општина Бутел се реализира проект за изградба на нов парк со вкупна површина од 50.000 квадратни метри. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека проектот има за цел трајно да го реши проблемот со нелегалното депонирање отпад и просторот да го претвори во современа зелена зона.

    Според Ѓорѓиевски, првата фаза од проектот веќе е завршена. На површина од околу 8.000 квадратни метри долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ се изградени зелени површини, плоштад, детски игралишта, пешачки патеки и фитнес-зони.

    Во меѓувреме продолжуваат работите на преостанатите 42.000 квадратни метри, каде е предвидено хортикултурно уредување и изградба на дополнителни содржини за рекреација и одмор за граѓаните од сите возрасти.

    Паркот ќе располага и со сопствен систем за наводнување со техничка вода, што треба да овозможи полесно и поекономично одржување на зеленилото.

    „Таму каде што со години се трупаше отпад, создаваме простор за детски насмевки, семејни прошетки, спорт и дружење. Децениската негрижа ја претвораме во зелена гордост на Скопје. Довербата на граѓаните се заслужува со работа и конкретни резултати“, порача Ѓорѓиевски.

    Од Град Скопје очекуваат новиот парк да придонесе за почиста животна средина, подобар квалитет на воздухот и спречување на повторно создавање диви депонии на оваа локација.

    Поврзани вести:

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    „Пајак“ службата во Центар крена 143 непрописно паркирани возила за една недела

    „Пајак“ службата во Центар крена 143 непрописно паркирани возила за една недела

    Делови од Карпош денеска без вода поради интервенција на мрежата

    Делови од Карпош денеска без вода поради интервенција на мрежата

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бутел град скопје депонија парк скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    10/11/2026

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    09/11/2026

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    09/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.