До 13 часот Центарот за управување со кризи евидентирал девет пожари на отворен простор низ државата, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати.
Според информациите од ЦУК, активни пожари има кај селото Крушеани и на потегот меѓу селата Подвис и Кривогаштани во општина Кривогаштани, во близина на Ново Село во истоимената општина, кај селото Добрејци во општина Струмица, како и кај селото Клепач во општина Прилеп.
Под контрола е пожарот што избувна меѓу општините Македонски Брод и Сопиште, во атарот на селото Белица, кој се проширил кон подрачјето Јасен.
Надлежните служби продолжуваат со активностите за локализирање и целосно гаснење на пожарите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
