ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на Кавадарци поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.
Според информациите од полицијата, пријавениот претходно пронашол туѓ паричник, по што на 5 август 2026 година без дозвола и согласност од сопственикот ја искористил платежната картичка што се наоѓала во него.
Со картичката, како што е наведено во пријавата, во четири наврати извршил плаќања, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 3.729 денари.
Од ОВР Кавадарци информираат дека против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
