Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар поразен од Нант во драматична завршница во „Јане Сандански“
    Спорт

    Вардар поразен од Нант во драматична завршница во „Јане Сандански“

    16/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот ракометен шампион Вардар со пораз ја отвори домашната сезона во Лигата на шампионите, откако во драматичен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ загуби од францускиот Нант со 32-33.

    Дуелот понуди голема неизвесност и постојани резултатски пресврти. И двата тима имаа свои периоди на доминација, а победникот беше решен буквално во последните секунди од средбата.

    Во завршната минута резултатот беше израмнет на 32-32. Вардар имаше напад за водство, но Јака Малус не успеа да ја затресе противничката мрежа. На спротивната страна, Нант доби седмерец и преку сигурна реализација стигна до победничките 33-32.

    Со овој пораз, Вардар ја продолжи долгата серија без триумф во елитното европско натпреварување. Последната победа во Лигата на шампионите ја оствари во март 2022 година, кога убедливо го совлада Елверум со 39-30.

    И покрај разочарувањето, навивачите во „Јане Сандански“ ги испратија ракометарите со аплауз и песна, давајќи им поддршка по борбеното издание.

    Најефикасни во составот на Вардар беа Абделхак со 10 погодоци и Јака Малус со шест. Кај Нант блескаше Леополд, кој натпреварот го заврши со 13 постигнати голови.

    Поврзани вести:

    Победа за крај: Македонските одбојкари го совладаа Израел без загубен сет

    Победа за крај: Македонските одбојкари го совладаа Израел без загубен сет

    Делови од Петровец и Кисела Вода денеска ќе останат без струја

    Делови од Петровец и Кисела Вода денеска ќе останат без струја

    (Видео) Фудбалски шок во Абу Даби: Ал-Аин го прегази Ал-Наср на Кристијано Роналдо со 4-0

    (Видео) Фудбалски шок во Абу Даби: Ал-Аин го прегази Ал-Наср на Кристијано Роналдо со 4-0

    Столе Димитриевски блесна, Валенсија ја запиша првата победа во сезоната

    Столе Димитриевски блесна, Валенсија ја запиша првата победа во сезоната

    Вардар ослабен го пречекува Нант, Чупиќ најавува борба за првите бодови

    Вардар ослабен го пречекува Нант, Чупиќ најавува борба за првите бодови

    Македонија поразена од Португалија и остана без осминафинале на Европското

    Македонија поразена од Португалија и остана без осминафинале на Европското

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардар комити лш ракомет
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Победа за крај: Македонските одбојкари го совладаа Израел без загубен сет

    16/09/2026

    Делови од Петровец и Кисела Вода денеска ќе останат без струја

    16/09/2026

    (Видео) Фудбалски шок во Абу Даби: Ал-Аин го прегази Ал-Наср на Кристијано Роналдо со 4-0

    15/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.