Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија поразена од Португалија и остана без осминафинале на Европското
    Спорт

    Македонија поразена од Португалија и остана без осминафинале на Европското

    15/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската машка одбојкарска репрезентација ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Европското првенство, откако вечерва во Софија беше поразена од Португалија со 3:0 во сетови (25:13, 25:20, 25:20).

    Наместо издание со кое ќе остане во игра за следната фаза, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски одиграа еден од најслабите натпревари на шампионатот и не успеаја да го прикажат нивото од претходните средби.

    Португалија уште од почетокот на првиот сет ја презеде контролата. Иако Македонија успеа кратко да израмни на 6:6, противникот брзо направи серија поени и стекна убедлива предност, која ја претвори во лесно освоен сет со 25:13.

    Во вториот сет македонските одбојкари покажаа подобра игра и во еден момент поведоа со 10:8. Сепак, Португалците повторно успеаја да се вратат, го презедоа водството и со подобра игра во завршницата го добија сетот со 25:20.

    Најголема надеж се појави во третиот сет, кога Македонија отвори со предност од 6:3. Но, Португалија повторно успеа да го сврти резултатот, а по серијата македонски грешки ја зголеми разликата и рутински го приведе натпреварот до крај, освојувајќи го и третиот сет со 25:20.

    Најефикасни во македонскиот состав беа Стојан Илиев и Владо Љафтов со по осум освоени поени, додека капитенот Никола Ѓоргиев натпреварот го заврши со шест поени.

    Кај Португалија најрасположен беше Фереира, кој го предводеше својот тим со 17 поени.

    Македонската репрезентација утре ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство против Израел, со што ќе го заокружи својот четврти настап на континенталниот шампионат.

    Поврзани вести:

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    Гаштаров маестрален во победата на Црвена Звезда, само реми за Елмас со Аталанта

    Гаштаров маестрален во победата на Црвена Звезда, само реми за Елмас со Аталанта

    Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање

    Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    европско првенство одбојка одбојкари
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    07/11/2026

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    07/11/2026

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.