Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле евидентирани 24 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според состојбата до 7:30 часот утринава, нема активни пожари. Од вкупниот број, 23 се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола.
Под контрола е пожарот што избувнал во атарот на селото Белица, на локалитетот Кајорец, во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон подрачјето Јасен во Општина Сопиште. Во пожарот биле зафатени нискостеблеста и мешана шума.
Во текот на изминатото деноноќие пожарникарите интервенирале и на повеќе други локации низ државата, каде што гореле ниска вегетација, стрништа, отпад, депонии и шумски површини.
Пожари биле регистрирани во општините Шуто Оризари, Илинден, Гази Баба, Могила, Новаци, Крушево, Струмица, Ново Село, Босилово, Струга, Велес, Свети Николе, Штип, Виница, Куманово, Старо Нагоричане и Врапчиште.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните на внимателност и одговорно однесување за да се спречи појава на нови пожари.
