Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски во САД на средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, потоа на Генералното собрание на ОН
    Политика

    Мицкоски во САД на средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, потоа на Генералното собрание на ОН

    15/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација заминува во Соединетите Американски Држави, каде што најави средби на високо ниво во Вашингтон и учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во Вашингтон се планирани разговори со претставници на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, како и со американската финансиска институција DFC.

    Мицкоски најави дека на DFC ќе ѝ бидат претставени македонските капацитети и можностите за нови инвестиции во енергетиката и напредните технологии. Тој посочи дека ќе има разговори и со компании од воената индустрија кои Владата сака да ги привлече да инвестираат во Македонија, а во подготовка е и нов закон со Министерството за одбрана.
    Како една од можностите за соработка го посочи и армискиот полигон „Криволак“, кој според Владата може да придонесе за побрз економски раст и привлекување нови инвестиции.

    „Планирани се средби на ултра високо ниво во рамките на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот и средби на ултра високо ниво со претставници на DFC“, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе разговара и со влијателни тинк-тенк организации.
    По посетата на Вашингтон, владината делегација ќе замине во Њујорк, каде што Мицкоски ќе учествува на годинашното Генерално собрание на ОН и ќе има повеќе билатерални средби.
    Според премиерот, веќе се потврдени разговори со државници од соседството, а ќе се бараат средби и со претставници на земјите од Заливот за градење посилни партнерски односи.
    Предвидено е и присуство на приемот што традиционално го организира претседателот на Соединетите Американски Држави за учесниците на Генералното собрание.

    Мицкоски рече дека во моментов не е планирана средба со бугарската делегација за време на престојот во Њујорк. Потврден е, сепак, состанокот на лидерите од Западен Балкан што традиционално се одржува на маргините на Генералното собрание, а македонското учество ќе зависи од нивото на средбата.
    Во однос на спорот со Бугарија и барањата за уставни измени, Мицкоски порача дека Владата останува на досегашната позиција, нагласувајќи: „Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ“, туку водиме политика која, како што рече, треба да понуди гаранции на подолг рок.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството стана бастион на СДС и ДУИ, нивните луѓе се штитат од одговорност

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството стана бастион на СДС и ДУИ, нивните луѓе се штитат од одговорност

    СДСМ: Владата има средства за спектакли, но граѓаните добиваат само половични мерки

    СДСМ: Владата има средства за спектакли, но граѓаните добиваат само половични мерки

    „Повеќе учество, повеќе демократија“ – Митева ја претстави декларацијата на Унијата на жени

    „Повеќе учество, повеќе демократија“ – Митева ја претстави декларацијата на Унијата на жени

    Гаши: Не очекувам и убеден сум дека нема да има предвремени избори

    Гаши: Не очекувам и убеден сум дека нема да има предвремени избори

    Мицкоски на Табановце: Ќе бидат предадени 26 нови возила и опрема вредна 4 милиони евра за Царинската управа

    Мицкоски на Табановце: Ќе бидат предадени 26 нови возила и опрема вредна 4 милиони евра за Царинската управа

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Мицкоски посета сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството стана бастион на СДС и ДУИ, нивните луѓе се штитат од одговорност

    15/09/2026

    СДСМ: Владата има средства за спектакли, но граѓаните добиваат само половични мерки

    15/09/2026

    „Повеќе учество, повеќе демократија“ – Митева ја претстави декларацијата на Унијата на жени

    14/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.