Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија, но попладне локално се очекува нестабилност. Наместа ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат од минимални 8 до 16 до максимални 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во делови од котлината се можни пороен дожд и грмежи.
Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 14 до максимални 24 степени.
Според УХМР, до крајот на работната седмица ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност, а од среда ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
