Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји
    Култура

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    12/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Седмото издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи од 18 до 26 септември со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. На фестивалот, во организација на Баги Комуникации, ќе настапат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија.

    Програмата ги поврзува џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичкото наследство на Балканот, а дел од проектите се создадени специјално за фестивалот. Меѓу гостите е словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски, кој ќе настапи заедно со Profundus.

    Посебен проект ќе ги обедини македонскиот контрабасист Мартин Ѓаконовски, албанскиот пијанист и композитор Гент Руши и грчкиот хармоникаш Танос Ставридис, кои подготвуваат заедничко дело што премиерно ќе биде изведено во Скопје.
    Пијанистката Милјана Николиќ ќе го претстави проектот „Балкански композитори“, посветен на современите автори од регионот, а самостоен настап ќе има и македонскиот гитарист и мултиинструменталист Мухамед Ибрахими.
    Виолончелистот Антонио Илиоски и бугарската пијанистка Јана Василева Лолова ќе одржат концертна промоција на албумот „Beyond The Silence“.

    На 20 септември на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк ќе настапи и младата скопска група „Фрекфенција“, составена од ученици од основно училиште. Фестивалските концерти се предвидени во камерната сала на Македонската филхармонија, со програмски исклучок за настапот на „Фрекфенција“ на сцената „Лепеза“.

    Скопскиот градски фестивал е основан во 2021 година, а во досегашните шест изданија обединил повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот и иницирал повеќе премиерни проекти и нови уметнички соработки.

    Поврзани вести:

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    26/10/2026

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.