Четириесетгодишна жена од Велес пријавила во полиција дека била физички нападната и дека добивала закани од својот малолетен син во семејниот дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 20:50 часот во СВР Велес.
По пријавата, за настанот биле известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес, кои ќе постапуваат согласно своите законски надлежности.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
