Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито
    Хроника

    Помошник-директор во Царина приведен поради сомнение за примање мито

    10/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Функционер на Царинската управа е уапсен во акција на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, откако бил затекнат при примање обележани парични средства во износ од 17.500 евра.

    Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираат дека акцијата била спроведена под раководство на надлежен јавен обвинител, а ја реализирале полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

    Според првичните информации, уапсениот, кој извршувал функција помошник-директор во Царинската управа, ги побарал парите како поткуп за да го искористи своето влијание во две постапки што се воделе пред институцијата.

    Од Обвинителството најавија дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

    И од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лицето е лишено од слобода додека примало претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.

    По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Во претходно објавени информации беше наведено дека уапсениот побарал поткуп поврзан со тендерска постапка во Царинската управа. Според тие информации, при полициската акција тој не застанал на наредбите на полицијата и се обидел да избега, но набргу бил приведен.

    Поврзани вести:

    Кривична пријава за две лица по убиството во Дуќанџик, пукале од мотоцикл кон група луѓе

    Кривична пријава за две лица по убиството во Дуќанџик, пукале од мотоцикл кон група луѓе

    Пожар во Шуто Оризари локализиран, изгореа неколку дуќани во монтажен објект

    Пожар во Шуто Оризари локализиран, изгореа неколку дуќани во монтажен објект

    Уапсени 12 возачи, 11 од нив немале положено возачки испит

    Уапсени 12 возачи, 11 од нив немале положено возачки испит

    Кривична пријава за гостиварец осомничен за насилство врз 12-годишно дете

    Кривична пријава за гостиварец осомничен за насилство врз 12-годишно дете

    Стружанец кривично пријавен за лажно пријавување грабнување

    Стружанец кривично пријавен за лажно пријавување грабнување

    МВР: Концертот на Дејвид Гета поминал мирно, приведени пет лица

    МВР: Концертот на Дејвид Гета поминал мирно, приведени пет лица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кривична пријава за две лица по убиството во Дуќанџик, пукале од мотоцикл кон група луѓе

    11/09/2026

    Пожар во Шуто Оризари локализиран, изгореа неколку дуќани во монтажен објект

    11/09/2026

    Уапсени 12 возачи, 11 од нив немале положено возачки испит

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.