Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами
    Република

    Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами

    09/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, кој подолг период беше недостапен за органите на прогонот, утрово беше спроведен во КПУ „Затвор Скопје“.

    Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека Управата на затворот го известила Судот дека Бајрами, нешто по 7 часот, бил спроведен на издржување на претходно определената мерка притвор.

    Во текот на денот, Судот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог за да може да се запознае со содржината на обвинението и доказите во предметот.

    Согласно законските рокови, обвинетиот има право на осум дена за увид во обвинителниот предлог и доказниот материјал, поради што се отповикани рочиштата закажани за 11 и 16 септември.

    Продолжението на судскиот процес е закажано за 18 септември во 12 часот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

    Бајрами утрово беше лишен од слобода на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје. Против него се води постапка во предметот поврзан со Државната лотарија.

    Основното јавно обвинителство Скопје претходно соопшти дека покрај овој предмет, против Бајрами се водат уште четири постапки за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Поврзани вести:

    Царината добива електронски пристап до судските евиденции преку нов договор со Врховниот суд

    Царината добива електронски пристап до судските евиденции преку нов договор со Врховниот суд

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Царината добива електронски пристап до судските евиденции преку нов договор со Врховниот суд

    10/11/2026

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    10/11/2026

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    10/11/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.