Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи
    Култура

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    07/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Повеќе од 15.000 посетители го посетија паркот „Авионче“ во првите три вечери од второто издание на AERO Street Food Festival, соопштија организаторите.

    Фестивалот, кој започна на 4 септември во општина Аеродром, денеска и утре влегува во завршната фаза, а публиката ќе има можност да проследи настапи на South Park, Acoustic Division и Sure Shotz. Влезот за сите содржини останува бесплатен.

    Првата фестивалска вечер беше отворена со диџеј сетови на Milan Serafimov и Aleksandar Jordanov, по што настапи бендот The Ringtones.

    Најголема посетеност имаше во саботата, кога голем број граѓани го исполнија просторот околу 20-те штандови на домашни и регионални гастрономски брендови, каде посетителите имаа можност да уживаат во разновидна понуда на храна и пијалаци.

    Неделната програма донесе поинаква музичка атмосфера со настапите на бендот Dopamine и диџеј Rizinski, кои ја забавуваа публиката до полноќ.

    Денешната програма започнува со настапите на диџеите од колективот Fluere, по што на главната сцена ќе настапи бендот South Park.

    Завршната вечер, на 8 септември, ќе биде отворена со DJ Ficho и DJ Guardian. Следува настапот на Acoustic Division со специјален репертоар, а фестивалското издание ќе го затвори составот Sure Shotz.

    Фестивалскиот простор во паркот „Авионче“ секој ден ги отвора портите од 17:30 часот, додека музичката програма започнува во 19:30 часот.

    Организаторите ги повикаа граѓаните да бидат дел од последните фестивалски вечери и потсетија дека пристапот до сите настани е бесплатен.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.