Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес има активни пожари
    Некатегоризирано

    Во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес има активни пожари

    19/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, а набргу ќе пристигнат и две возила на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хермелин.

    Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи денеска изјави дека се уште активен е пожарот во село Нивичино, општина Василево, каде гори нискостебелеста шума. Активен пожар има и во село Грешница, општина Македонски Брод, кој зафатил мешана шума и ниска вегетација. Во општина Прилеп активен е пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и ниска вегетација.

    – Добивме информација дека во општина Сарај има пожар до обиколница, каде гори сува трева. Поради силен ветер, пожарот во Велес меѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци повторно е активиран со краци во неколку правци, рече Вчкова.

    Под контрола се ставени пожарите во село Николиќ во општина Дојран, пожарите во општина Демир Хисар, во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде постои, како што рече, внатрешно минимално догорување.

    Таа информира дека во текот на денешниот ден покрај ТППЕ и екипите на ЈП „Национални шуми“, во гаснењето на пожарот кај селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп ангажирани се и два ер-трактори на ДЗС за воздушна интервенција, а на пожарот кај село Нивичино во општина Васелево интервенираа два хеликоптери, еден на МВР, а еден на Армијата. За поддршка на терен се ангажирани и две специјализирани возила на ДЗС и 15 припадници на специјалните полициски сили.

    – На пожарот кај село Грешница, општина Македонски Брод испратено е едно специјализирано возило со екипаж од марката „Пинц Гауер“ на ДЗС за поддршка на копнените сили. Кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во општина Велес ангажирани се две возила „Пинц Гауер“, како и 30-тина припадници на Армијата. Дополнително хеликоптер на МВР ќе биде ставен во готовност и ќе интервенира по потреба, во согласност со приоритетите што ќе ги утврди Главниот штаб во текот на денот, појасни Вчкова.

    Специјализирани тимови на ДЗС ќе бидат вклучени по проценка на ситиацијата на терен.

    Поврзани вести:

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    18/09/2026

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    08/09/2026

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    07/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.