Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата центар
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата центар

    31/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче дека со критиките кон проектите за дата центри се спротивставуваат на инвестиции од стратешко значење за државата. Од партијата велат дека развојот на дата центрите е светски тренд и важен дел од дигиталната трансформација и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија веќе располага со секундарен дата центар во Прилеп, но неопходна е изградба и на примарен национален дата центар за централизирано и безбедно чување на податоците на државните институции. Од партијата посочуваат дека проектот е дел од Реформската агенда со Европската Унија и дека за неговата реализација е предвидена европска финансиска и техничка поддршка.

    Новиот центар, според нив, треба да обезбеди поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурно функционирање на државните системи. ВМРО-ДПМНЕ потсетува и на сајбер-нападот врз системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот кога СДСМ беше на власт, по кој граѓаните се соочија со проблеми при користењето на дел од услугите.

    Од партијата сметаат дека токму ваквите случаи покажуваат зошто државата треба да инвестира во современа и безбедна дигитална инфраструктура. ВМРО-ДПМНЕ порача дека националниот дата центар треба да претставува инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата.

    Поврзани вести:

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    ЛДП: Китановиќ мора да биде разрешен и кривично гонет, повлекување на став не е доволно

    ЛДП: Китановиќ мора да биде разрешен и кривично гонет, повлекување на став не е доволно

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    31/08/2026

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    31/08/2026

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    31/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.