Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ЛДП бара политичка и кривична одговорност за величење на Ратко Младиќ
    Политика

    ЛДП бара политичка и кривична одговорност за величење на Ратко Младиќ

    29/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Либерално-демократската партија (ЛДП) остро реагираше на, како што наведува, обидите за величење и глорификација на Ратко Младиќ, кој е правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.

    Од партијата истакнуваат дека ова не е прашање на политички став или различно толкување на историјата, туку прашање на почитување на правосилните пресуди на меѓународните судови.

    „За геноцидот нема друга страна на приказната кога фактите се утврдени со правосилни судски пресуди“, наведуваат од ЛДП.

    Партијата оценува дека е особено неприфатливо доколку во вакви активности се поврзуваат носители на високи државни функции, поради што бара Владата јавно и недвосмислено да се огради од постапувањето на министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и да утврди политичка одговорност.

    Според ЛДП, Македонија не може да се повикува на европски вредности во меѓународната политика, а истовремено да молчи кога функционери се поврзуваат со величење на лице осудено за геноцид.

    Покрај политичката, партијата бара да се испита и евентуална кривична одговорност. Посочуваат дека член 407-а од Кривичниот законик предвидува санкции за јавно негирање, минимизирање, одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и преку информациски систем.

    Од ЛДП бараат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство по службена должност да ги испитаат сите објави, изјави и постапки поврзани со случајот и, доколку постојат законски основи, да постапат согласно Кривичниот законик.

    Во соопштението се бара и донесување законска рамка со која ќе се забрани јавното величење, промовирање и афирмирање на лица правосилно осудени за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, како и промоција на фашистички, нацистички и други тоталитарни идеологии што поттикнуваат омраза.

    Партијата предлага ваквата забрана да се однесува и на именување здруженија, фондации, клубови, јавни установи, улици, плоштади и манифестации, кои не би смееле да носат имиња или симболи што величаат осудени воени злосторници или злосторства.

    ЛДП смета дека и образовниот систем мора да биде заштитен од историски ревизионизам, при што геноцидот и воените злосторства треба да се изучуваат врз основа на историски факти и правосилни судски пресуди, без нивно релативизирање.

    „Европска држава не се гради со европски пароли, туку со европски вредности. Почитувањето на жртвите и осудата на геноцидот се црвена линија. Нема молк кога се величаат осудени за геноцид. Нема релативизација на злосторствата. И нема државна функција над законот и без политичка одговорност“, се наведува во соопштението на ЛДП.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    Левица: Младите стануваат должници за цел живот за да обезбедат сопствен стан

    Левица: Младите стануваат должници за цел живот за да обезбедат сопствен стан

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче создава паника за секој проект што може да донесе развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче создава паника за секој проект што може да донесе развој

    СДСМ бара истрага за влезот на српски медиуми на македонскиот пазар

    СДСМ бара истрага за влезот на српски медиуми на македонскиот пазар

    СДСМ бара целосен извештај за водата во Гостивар: Кој гарантира дека е безбедна за пиење?

    СДСМ бара целосен извештај за водата во Гостивар: Кој гарантира дека е безбедна за пиење?

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    29/08/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    29/08/2026

    Левица: Младите стануваат должници за цел живот за да обезбедат сопствен стан

    29/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.