Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Ѓорѓиевски потпиша договор со министерот Лимани за опремување на првата градинка во Потстаница
    Политика

    Ѓорѓиевски потпиша договор со министерот Лимани за опремување на првата градинка во Потстаница

    18/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски. Целта на средбата беше потпишувањето на договорот за опремување на новата градинка во населбата Потстаница, чија изведба е во завршна фаза.

    Ова ќе биде првата детска градинка во овој дел од општината, која ќе овозможи современи услови за воспитување и грижа за околу 80 деца.-Во Кисела Вода секое дете ќе има своето место во градинка. Имавме важна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и неговиот заменик Ѓоко Велковски, на која потпишавме договор за опремување на новата градинка во Потстаница. Оваа соработка е од големо значење за брзо и квалитетно реализирање на овој проект.

    Кога започнав да ја водам општината, наследените листи на чекање за упис во градинка броеја околу 450 деца, а денес овој број е сведен на само триесетина. Со завршувањето на градинката во Потстаница и интензивните градежни активности кои се одвиваат на уште две нови градинки, во Расадник и во 11 Октомври Згради, но и со претходните наши активности преку кои се интервенираше со изградба или проширување на капацитетите во уште 7 други објекти, целосно ќе ги затвориме листите на чекање.

    Градинката во Потстаница, која ја добивме како објект преку одлука на Владата и која моментално е во завршна фаза на темелната реконструкција, ќе биде модерен и безбеден простор од 222 квадратни метри, каде околу 80 деца ќе растат и ќе се развиваат во најдобри услови. Ова е од огромно значење за жителите од Потстаница, бидејќи овој дел од општината никогаш досега немаше детска градинка.

    Сакам да изразам голема благодарност до министерот Лимани, до неговиот заменик Велковски и премиерот Христијан Мицкоски за брзиот и позитивен одговор во процесот на реализација на овој проект. Ова е доказ дека кога работиме заедно, можеме брзо и ефикасно да ги решаваме проблемите и да создадеме подобра иднина за нашите деца и семејства-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.