Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски испи вода од чешма: Нема ешерихија коли, ширењето паника е организиран напад
    Скопје

    Ѓорѓиевски испи вода од чешма: Нема ешерихија коли, ширењето паника е организиран напад

    12/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција јавно испи вода од чешма за да покаже дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење и дека нема никаква бактериолошка неисправност.

    Неговиот потег следуваше по информациите што од утрово се проширија на социјалните мрежи, со кои се тврдеше дека во водата за пиење е пронајдена бактеријата ешерихија коли, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.

    Ѓорѓиевски категорично ги отфрли ваквите тврдења, оценувајќи дека станува збор за организирано ширење паника и дезинформации. Тој рече дека ваквото однесување не е политичка борба, туку сериозен напад врз безбедноста и спокојството на граѓаните.

    „Ова е организиран напад за ширење хистерија кај граѓаните на Скопје. Според мене, ваквото однесување е рамно на терористички чин. Од утрово се координирано активирани бројни профили на социјалните мрежи, а сите информации ќе бидат доставени до Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување“, изјави градоначалникот.

    Тој откри дека уште претходниот ден добил информации дека ќе се пласираат лажни вести за наводна бактериолошка неисправност на водата.

    „Политичките напади можат да се разберат, но кога се создава паника околу нешто што директно ги засега здравјето и безбедноста на граѓаните, тоа е недозволиво. Добив стотици пораки од загрижени граѓани и ова нема да остане без реакција“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали е утврден изворот на дезинформациите, тој посочи дека е идентификувано лице кое, според неговите информации, ја споделило лажната порака во десетици групи на социјалните мрежи. Не откри детали за идентитетот, но наведе дека станува збор за лице кое е симпатизер или активист на една опозициска партија.

    Ѓорѓиевски додаде дека надлежните институции и ЈП „Водовод и канализација“ континуирано го следат квалитетот на водата и дека нема никаква причина за загриженост, бидејќи водата што ја користат скопјани е исправна и безбедна за пиење.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.