Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Наскоро започнува асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, најави Ѓорѓиевски
    Скопје

    Наскоро започнува асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, најави Ѓорѓиевски

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наскоро ќе започне асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, кој со години е предмет на најави и ветувања.

    „Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“!“, напиша Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

    Тој посочува дека по повеќедецениски најави, во изминатите нешто повеќе од три месеци биле решени проблемите кои ја попречувале реализацијата на проектот и предизвикувале сериозни сообраќајни проблеми за жителите на овој дел од Скопје.

    Според Ѓорѓиевски, трасата на булеварот сега е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, а завршено е и тампонирањето на едната страна од трасата.

    Следниот чекор, како што најавува скопскиот градоначалник, е поставување на првиот слој асфалт, со што проектот ќе влезе во нова фаза на реализација.

    „По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани“, наведува Ѓорѓиевски.

    Тој додава дека со реализацијата на проектот жителите на овој дел од главниот град ќе добијат нов, модерен и побезбеден булевар, кој треба да придонесе за подобрување на сообраќајот и условите за движење.

    „Ветивме и реализираме! Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат. Кога се сака – сѐ се може! Скопје го правиме заедно!“, порача градоначалникот.

    Поврзани вести:

    Започнува јавната анкета за нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањето

    Започнува јавната анкета за нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањето

    Делови од Центар и Сопиште денеска без струја

    Делови од Центар и Сопиште денеска без струја

    Заврши реконструкцијата на градинката „Кокиче“ во Кисела Вода

    Заврши реконструкцијата на градинката „Кокиче“ во Кисела Вода

    Град Скопје со апел: Очекувајте застои поради реконструкција на мостот во Драчево

    Град Скопје со апел: Очекувајте застои поради реконструкција на мостот во Драчево

    Утре авионска дезинсекција на подрачјето на Град Скопје

    Утре авионска дезинсекција на подрачјето на Град Скопје

    10 години од катастрофалната поплава во Скопје – со комеморација оддадена почит на 22-те загинати

    10 години од катастрофалната поплава во Скопје – со комеморација оддадена почит на 22-те загинати

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 16
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Започнува јавната анкета за нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањето

    11/08/2026

    Делови од Центар и Сопиште денеска без струја

    11/08/2026

    Заврши реконструкцијата на градинката „Кокиче“ во Кисела Вода

    10/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.