Интервју со Мира Беќар, универзитетска професорка и поддржувач на независната култура.
Кога ќе кажете Скопје, кои мисли и слики Ви се појавуваат?
Кога ќе го чујам зборот Скопје ми се појавуваат слики на живост, луѓе кои читаат
стрипови, зборуваат за филмови и музика, седат по кафичи, седат по паркови, шизат на
журки, уживаат во градот и сите настани. Концерти, изложби и промоции во МКЦ, Чифте
Амам и Сули Ан, МСУ. Но и валкан Вардар. Во главата визуелизирам помалку ѓубре.
Повеќе го сакав Скопје без шопинг молови.
Кое Скопје го сакате повеќе – ова сега или тоа од порано?
Сите карактеристики што треба да ги има еден главен град – CAPITAL city – Скопје ги
нема, освен гужвата по улици. Сигурно сме и самите виновни што ниту еден прав
Скопјанец/Скопјанка не се нафаќа да го води градот со кој заедно дише.
Скопје и скопјани даваат и плаќаат, но дали институциите и градоначалниците
доволно му даваат на градот?
Се сеќавам кога ми раскажувале за градоначалници на убави градови во светов како
постојано се движат, си го набљудуваат градот деноноќно, и кога ќе се пријави некој
посериозен проблем, истрчуваат на лице место да видат за што се работи, па ги собираат
најпаметните луѓе да го решат проблемот, на еден начин со сето срце, посветено, ја живеат
приказната за ,,татко“ или ,,мајка“ на градот.
Сите карактеристики што треба да ги има еден главен град – CAPITAL city – Скопје ги
нема, освен гужвата по улици. Сигурно сме и самите виновни што ниту еден прав
Скопјанец/Скопјанка не се нафаќа да го води градот со кој заедно дише. Се сеќавам кога
ми раскажувале за градоначалници на убави градови во светов како постојано се движат,
си го набљудуваат градот деноноќно, и кога ќе се пријави некој посериозен проблем,
истрчуваат на лице место да видат за што се работи, па ги собираат најпаметните луѓе да
го решат проблемот, на еден начин со сето срце, посветено, ја живеат приказната за
,,татко“ или ,,мајка“ на градот.
Дали Вие доволно му дадовте на градот?
Веројатно доволно му дадов на градов, но нема да застанам. Образувам млади генерации
од сите возрасти веќе 22 години, покрај во струката разговараме и за убави работи што го
дефинирале овој град и држава, ја носевме техно сцената, поддржував и се’ уште
поддржувам нeзависна култура, го носев и негувам тангото во Скопје, го штитев Водно против гасовод и други градежни активности и насмеано ги поздравувам луѓето во Скопје,
а тие насмеано враќаат доколку ја разбираат градската култура. Се возам уште со ЈСП и
покрај ужасната состојба во која е јавниот транспорт и сонувам за урбана и чиста средина
со среден јавен транспорт. Градот треба да расте, ама треба да има и луѓе од различни земји, етникуми, раси, да е интернационална атмосферата, да има ресторани со секаков тип храна и сите да го
почитуваат, е не да го растураат градот. Останавме на ќебап и џигер (не е дека е лошо ама
зборувам за неширењето културолошки хоризонти). Архитектите се задолжени за
урбанизам но, делуваат немоќни да влијаат врз растењето на градот. Постојано слушаме за
немање план и дивоградби. Тоа го прави градот грд.
Преголемо ли е Скопје за Вас, треба да расте или да се намали?
Идеален град е утопија. Идеалниот град треба да има симетрија и хармонија. За мене
градот всушност треба да нуди можности, пристап, да е споделен простор достапен за
сите, да е безбеден и да посакуваш нонстоп да го истражуваш. Градот треба да биде
еколошки и економски одржлив. Ние сме тотално антропоцентрични и забораваме дека
градот треба да е пријатен и за другите сетилни суштества на планетава. Одржливоста на
циркуларноста е важна, поврзување на циклусите на вода, храна, ресурси и енергија.
Развиениот град на одржлив начин го користи ѓубрето како ресурс. Приступачен град пак
значи различност, инклузија и еднаквост. Тој обезбедува еднаков пристап до урбани
удобности, домување и вработување, услуги од секаков тип, култура, слободни
активности, културно наследство, спорт и заштитена природа.
Што ви недистига во градот, а што би одзеле?
Знаеш, град кој сите можат да го споделуваат, ама совесно, поттикнува чувство на
заедништво, соработка и припадност. Фокусот да е на социјални интеракции преку
заеднички простори, јавни површини, простории за заедничко работење и живеење, како и
преку транспортни решенија. Ама тоа да не произведува хаос и дивљаштво. Да има
постојано иницијативи што охрабруваат смислени социјални поврзувања. Еве недостасува
одличен локален фудбалски тим, светски квалитетен. Оти го имаме Вардар, ама тоа е
трагедија. Во недели да навиваме заедно. Може и друг спорт, ама да е тимот наш – скопски.
Во какво Скопје би сакале да живеете?
Кај се боемите во Скопје? Сигурно на некоја клупа во Жена парк или на кафе во Крин и
зборуваат за соственото здравјето и за убавите спомени.
