Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар победнички ја започна сезоната, Брегалница падна на Арената
    Спорт

    Вардар победнички ја започна сезоната, Брегалница падна на Арената

    25/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, со победа го започна новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ во првото коло од есенската полусезона на Националната арена „Тодор Проески“ со 2:0 го совладаа новиот прволигаш Брегалница.

    Тренерот Кристијан Фабиани се одлучи за комбиниран состав, односно со фудбалери кои имаа помала минутажа во европските настапи ова лето, но и таквата постава успеа да стигне до првите три бода во сезоната. Брегалница во одредени периоди од натпреварот покажа дека може рамноправно да се носи со шампионот, но Вардар беше поконкретен во клучните моменти.

    Првата посериозна закана ја имаше Пиреш со удар од далечина, а во 12. минута Едис Спахиу се најде во добра позиција, но не успеа да реализира.

    Во 27. минута стигна водството за Вардар. Спахиу одлично ја проби десната страна и испрати прецизна асистенција до Димитар Данев, кој на подалечната статива рутински реагираше и ја затресе мрежата за 1:0.

    Домашниот тим можеше да постигне уште еден погодок до паузата. По прекрасна асистенција од Димитар Тодоровски, Горан Закариќ ја погоди мрежата, но по ВАР-проверката голот беше поништен поради игра со рака при приемот на топката.

    Во второто полувреме Брегалница се обиде поофанзивно да одговори. Најдобрата можност за гостите ја имаше Мартин Стојанов, кој доби топка во празен простор и излезе сам пред голманот на Вардар, Диковски. Ударот од косина беше силен, но новиот чувар на мрежата на „црвено-црните“ одлично интервенираше и го спаси својот гол.

    Штипјани имаа уште неколку обиди, но им недостасуваше завршен пас и подобра реализација во завршницата.

    Конечниот резултат беше поставен во 81. минута. По асистенцијата на Герсон Родригес, Горан Закариќ овојпат немаше проблеми и рутински реализираше за 2:0, со што „од втора“ ја впиша својата името на листата на стрелци.

    Со овој триумф Вардар успешно ја започна сезоната и најави дека ќе биде сериозен кандидат за одбрана на шампионската титула.

    Поврзани вести:

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    Гаштаров маестрален во победата на Црвена Звезда, само реми за Елмас со Аталанта

    Гаштаров маестрален во победата на Црвена Звезда, само реми за Елмас со Аталанта

    Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање

    Роналдо не сака проштален меч, но Португалија подготвува посебно испраќање

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    07/11/2026

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    07/11/2026

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.