Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода, кажа Ѓорѓиевски
    Некатегоризирано

    2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода, кажа Ѓорѓиевски

    16/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Кисела Вода ја бележи 2025 година како најуспешна година по реализација на капитални проекти во својата историја. Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по денешата седница на Советот, каде беше усвоен ребаланс на Буџетот, само во првите шест месеци од годинава се реализирани повеќе капитални инвестиции отколку што биле реализирани во целосни буџетски години во минатото.

    –Со денешниот ребаланс на Буџетот, се заокружува најинтензивниот инвестициски период во историјата на Кисела Вода. Само преку него, се обезбедени дополнителни 399.947.510 денари за капитални проекти. Кога на ова ќе се додадат средствата веќе предвидени во Основниот буџет за 2025 година, вкупниот износ за капитални инвестиции достигнува рекордни 858 милиони денари, што е значително повеќе од целокупните буџети на општината за време на цел четиригодишен мандат на моите претходници, изјави Ѓорѓиевски.

    -Реализацијата на капиталните проекти во првата половина од 2025 година изнесува 130.003.985 денари, средства со кои се завршени бројни инфраструктурни зафати и други капитални инвестиции. Споредбено со минатото, оваа бројка речиси двојно ја надминува реализацијата во некои од годините под раководство на СДСМ. Покрај капиталните проекти, рекордно ниво е достигнато и во исплатата на субвенции и социјална помош за граѓаните. Вкупно 67 милиони денари се исплатени до сега, што е повеќе од четири пати повисоко ниво во споредба со 2020 и 2021 година. Овој резултат не е случаен. Тоа е резултат на транспарентно, чесно и одговорно управување. Ги скративме непродуктивните трошоци, го зголемивме степенот на наплата и ја удвоивме приходната страна на буџетот. Покажавме дека кога има ред, кога средствата се трошат совесно, се постигнуваат рекорди, посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Во својата, последна година како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски го заокружува мандатот со целосна реализација на речиси 95% од ветената програма и со обнова и изградба во речиси секоја урбана и рурална заедница во општината.

    -Ова не е само финансиска и инфраструктурна пресметка. Ова е резултат на еден целосно сменет начин на работа – создадовме нова доверба кај граѓаните, ги ставивме нивните потреби пред политиката, и покажавме како изгледа локална самоуправа која функционира со ред и резултати. Се гордеам што во моментов Кисела Вода е општина која ги менува на подобро вредностите на живеењето. Исто таков модел на менаџирање заслужува и Скопје, истакна градоначалникотЃорѓиевски

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.