Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.
По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.
Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.
„Доколку сте дел од овие граѓани Ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да Ви ја одобри регистрацијата“, велат од УЈП.
