Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Митот за Амазонките“ вечерва на сцената на „Охридско лето“
    Култура

    „Митот за Амазонките“ вечерва на сцената на „Охридско лето“

    17/07/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетскиот перформанс „Митот за Амазонките“, кој ќе го изведе театарската и балетска компанија „АРТ денс“ од Грција.

    Претставата е инспирирана од античкиот грчки мит за Амазонките – митска заедница на жени воини, познати по својата храброст, борбени вештини и рамноправноста со мажите во битките.

    Танцовиот перформанс ги обработува двата најпознати мита поврзани со Амазонките – приказната за златниот ремен кој Херкулес требало да го освои и легендарната борба меѓу кралицата Пентесилеја и Ахил.

    Режисер, кореограф и уметнички директор на претставата е Артемис Игнатиу, познат и како уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот пламен.

    Балетската компанија „АРТ денс“ има богато меѓународно искуство и настапувала на бројни фестивали и сцени во Грција, Европа и Азија. Компанијата ја претставувала Грција на значајни културни настани, меѓу кои Танцов фестивал во Лимасол и Културната олимпијада во Кина.

    „Митот за Амазонките“ премиерно бил изведен во 2013 година во Грција, а потоа гостувал на повеќе меѓународни фестивали, меѓу кои и во Тунис, Кина и Албанија.

    Балетскиот перформанс ќе биде изведен на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

    Поврзани вести:

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    28/08/2026

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    25/08/2026

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    24/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.