Неколку големи пожари избувнаа во различни делови на Далмација, а пожарникарите со помош на противпожарни авиони се борат да го спречат ширењето на огнената стихија. Најсериозни се пожарите на островот Хвар и во близина на Шибеник.
Властите соопштија дека биле спасени куќи кои биле директно загрозени од огнот, а во гаснењето учествуваат повеќе од 120 пожарникари и девет канадери. Активни пожари има и во Паркот на природата Телашчица, како и во близина на границата со Црна Гора.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
