Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
    Свет

    Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

    20/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Две малолетни девојчиња на возраст од 9 и 11 години трагично ги загубија животите при давење на плажа во албанското туристичко место Тале, во регионот на Лежа.

    Според информациите на албанските медиуми, несреќата се случила во петокот околу 12:50 часот, додека девојчињата се капеле во морето. На местото веднаш интервенирале припадници на полицијата и присутни капачи, кои успеале да ги извлечат телата на брегот, но за нив веќе немало спас.

    Од албанската полиција соопштиле дека девојчињата биле од Фуше-Круја и дека околностите под кои дошло до трагедијата сè уште се предмет на истрага. Според првичните информации, тие во моментот на несреќата биле без придружба.

    Телата биле пренесени во регионалната болница во Лежа, додека обвинителството и истражните органи работат на целосно расветлување на случајот.

    Дел од албанските медиуми објавија дека девојчињата влегле во морето во период кога се појавиле посилни бранови и не успеале да се вратат на брегот. Овие информации засега не се официјално потврдени и ќе бидат предмет на истрагата.

    По трагичниот настан реагираше и градоначалникот на Лежа, Пјерин Ндреу, кој ја отвори дебатата за безбедноста на јавните плажи што не се под директно управување на општината или приватни концесионери. Тој посочи дека токму на ваквите локации е потребна поголема внимателност, особено кога станува збор за деца и лица кои не се искусни пливачи.

    Трагедијата повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите во Албанија, присуството на спасителни служби и потребата од подобро обележување на ризичните делови од крајбрежјето во екот на летната туристичка сезона.

    Поврзани вести:

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    20/10/2026

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    20/10/2026

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.