Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Нова инвестиција од 20 милиони евра во Тетово, најавени до 500 нови работни места, потврди премиерот Мицкоски
    Економија

    Нова инвестиција од 20 милиони евра во Тетово, најавени до 500 нови работни места, потврди премиерот Мицкоски

    16/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска промовираа нова странска инвестиција вредна околу 20 милиони евра, која според најавите ќе отвори меѓу 400 и 500 нови работни места.

    Станува збор за инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“, мултинационална компанија со повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија, специјализирана за производство на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители на автомобили.

    Според Мицкоски, инвестицијата претставува уште една потврда за довербата што странските компании ја имаат во македонската економија и деловна клима. Компанијата првично ќе работи во изнајмени производствени капацитети од околу 8.000 квадратни метри, а според развојниот план, до 2028 година просторот треба да се прошири на 21.000 квадратни метри.

    Во периодот од 2026 до 2030 година се планирани вложувања од околу 20 до 21 милион евра, додека со целосното ставање во функција на капацитетите ќе бидат обезбедени стотици нови работни места.

    Премиерот посочи дека проектот ќе има значително влијание и врз извозот, бидејќи плановите предвидуваат годишен извоз од околу 45 милиони евра.

    Новата инвестиција ќе се реализира во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, а компанијата планира во Македонија да го префрли производството што моментално го има во Турција и Словачка.

    Според Мицкоски, ваквата одлука претставува јасен доказ за довербата на инвеститорите во македонската работна сила, економија и стабилна деловна средина.

    Тој нагласи дека секоја нова инвестиција е дел од пошироката економска стратегија на Владата, насочена кон развој базиран на производство, извоз, инвестиции и реален економски раст.

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оцени дека инвестицијата е силен сигнал дека Македонија станува сè попривлечна дестинација за компании кои носат нови технологии, современи производствени процеси и квалитетни работни места. Според него, одлуката на компанијата да го префрли дел од своето производство во земјава претставува значајна потврда за довербата во македонската економија и нејзиниот развоен потенцијал.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.