Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Скопје ќе добие три современи јавни тоалети, подната фонтана на Градски плоштад повторно ќе биде ставена во функција
    Скопје

    Скопје ќе добие три современи јавни тоалети, подната фонтана на Градски плоштад повторно ќе биде ставена во функција

    09/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информираше дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ активно работи на терен и дека во градот веќе се ставени во функција повеќе од 210 чешми за пиење вода.

    Тој нагласи дека слична состојба има и со градските фонтани, од кои голем дел веќе повторно работат. Според него, во функција се и фонтаната „Александар Македонски“, која не работела осум години, како и „Лотосов цвет“ пред Градскиот парк.

    Во однос на јавните тоалети, Ѓорѓиевски посочи дека постојните се под надлежност на фирмата „Тојфор“, но најави дека во подготовка се три современи јавни тоалети. Еден ќе биде поставен во Градскиот парк, еден на плоштадот „Филип Втори“, а еден во близина на Градскиот плоштад.

    Градоначалникот најави и дека ќе започнат активности за повторно ставање во функција на подната фонтана на Градскиот плоштад, која во минатото неколку пати била оштетувана од возила.

    На седницата на Советот, тој повторно се осврна на проектот БРТ, кој е во фаза на претквалификација и за кој наскоро се очекува распишување на тендер. Ѓорѓиевски истакна дека трасата нема да поминува низ централното зеленило, туку ќе биде придружена со нови зелени површини од двете страни на коридорот.

    Тој најави дека проектот ќе биде јавно презентиран пред граѓаните, медиумите и советниците пред почетокот на неговата реализација, која се очекува до крајот на годината.

    Покрај тоа, градоначалникот најави и реконструкција на киното „Милениум“, како и обнова на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Планетариумот во МКЦ, како дел од подготовките за 2028 година кога Скопје ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата.

    Според него, со ребалансот на буџетот за 2026 година се предвидуваат средства за повеќе проекти од областа на урбанизмот, инфраструктурата, културата, образованието и заштитата на животната средина, како и за изградба на нова противпожарна станица, со цел побрза интервенција и зголемена безбедност во градот.

    Поврзани вести:

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    26/10/2026

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    26/10/2026

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.