Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Дурмиши: Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%
    Економија

    Дурмиши: Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%

    02/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека цените на основните прехранбени производи во моментов се стабилни и дека нема потреба од дополнителни интервенции од страна на државата.

    Според него, анализите покажуваат дека кај 55-те најбарани производи е забележан минимален пораст на цените од само 0,43 проценти, што, како што нагласи, претставува показател за стабилност на пазарот.

    „Од 55 производи кои се најбарани, порастот е незначителен и изнесува само 0,43 отсто, што потврдува дека цените се стабилни. Доколку забележиме отстапувања во цените, ќе реагираме на начин како и во претходни наврати“, изјави Дурмиши.

    Министерот посочи дека Владата внимателно ја следи состојбата и дека во случај на продлабочување на кризата или значително поскапување на производите ќе бидат преземени соодветни мерки за заштита на граѓаните.

    Како една од можните мерки, Дурмиши го спомена и намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), доколку економските услови го наложат тоа.

    Во однос на инфлацијата, тој оцени дека Македонија бележи пониски стапки во споредба со повеќе други држави, што, според него, е резултат на досега преземените економски политики и мерки.

    Изјавата Дурмиши ја даде по прес-конференцијата посветена на Оперативниот план за вработување за 2026 година.

    До крајот на неделава се очекува Државниот завод за статистика да ги објави најновите податоци за инфлацијата, кои ќе дадат појасна слика за движењето на цените во земјата.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.