Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»АХВ открила сериозни имами кај производители на млеко и млечни производи
    Економија

    АХВ открила сериозни имами кај производители на млеко и млечни производи

    31/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство открила сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување на вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. АХВ тестирала 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

    Засега се комплетирани лабораториските резултати за млечните производи, додека за сувомеснатите производи се чекаат финалните анализи за кои јавноста дополнително ќе биде информирана.

    Па така од вкупно 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите не одговараат на Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Кај нив е утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано.

    Најдрастичен е примерот кај еден оператор каде што при тестирање на мостра од одземени 22 килограми ситно сирење, лабораторијата открила неверојатна разлика – на пакувањето пишувало дека производот содржи 20 проценти млечна маст, а реално содржел само 1 процент. За оваа измама, на операторот му е изречена парична казна во износ од 3.500 евра во денарска противвредност.

    Инспекторите на АХВ затекнале и оператор кој во производството на млечни производи користел растителни (палмини) масти.
    „Кај овој оператор со храна, со тестирањата е констатирано користење на растителни масти во млечен производ, за што му е изречена парична казна од 1.300 евра во денарска противвредност. Спорниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми е целосно повлечен од промет и нештетно уништен на депонија“, се наведува во соопштението на АХВ.

    Поради измама на потрошувачите со прикажување лажни проценти на млечна маст, АХВ казни уште осум други оператори со храна. Овие производители и увозници ќе мора да платат парични казни во износ од по 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дека нема да застанат тука и дека засилените инспекциски контроли кај оваа категорија оператори со храна ќе продолжат со исто темпо и во наредниот период, сè со цел заштита на здравјето и интересите на граѓаните.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.