Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Охрид СОС обвинува: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект
    Некатегоризирано

    Охрид СОС обвинува: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

    29/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во текот на вчерашниот ден (28.5 2026) без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално претставува дел од архитектонското наследство со својот уникатен изглед, но за жал од непознати причини не е вклучена на листата споменици на културата, реагираат од Охрид СОС.

    Од таму додаваат дека единствена информација добиена од работниците е дека се расчистува просторот за зграда, како и дека во повеќе наврати минатата година Иницијативата ја информирала јавноста и медиумите за намерите да се уништи дел од архитектонското наследство и значително урбано зеленило со цел изградба на огромен станбен објект.

    „Баравме итно запирање на новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, кој претставува сериозна закана за културното и архитектонското наследство во самиот центар на Охрид. Планот предвидува рушење на неколку значајни објекти, меѓу кои и уникатната градска куќа која идната година (1927) треба да заокружи еден век, како и Здравствениот дом – Маларична, исто така изградена пред безмалку еден век. Дополнително, под удар се и две вредни згради од модерната архитектура – детската градинка и старата училишна зграда на ООУ „Григор Прличев”. Со неговата реализација, а за изградбата на четирикатница долга преку 100 метри и комерцијални објекти, би бил уништен училишниот парк, дворот на детската градинка, јавното урбано зеленило и трајно би се нарушил изгледот и духот на оваа мирна урбана целина.

    Ваквиот урбанистички план е спротивен на принципите на заштита на културното наследство и носи непоправливи последици за урбаниот пејзаж на Охрид. Наместо почит кон историските слоеви на градот, се предлага бришење на објекти кои се дел од колективната меморија на охриѓани. Граѓаните не беа соодветно информирани и вклучени во процесот, што дополнително го поткопува легитимитетот на донесените одлуки.

    Баравме повлекување на урбанистичкиот план и изработка на ново решение кое ќе ја почитува историјата, културниот идентитет и интересот на граѓаните. Дополнително, ќе биде ускладен со Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион. Со зачувување на овие објекти и јавни простори, ги штитиме не само архитектонската вредност, туку и автентичниот дух на градот. Апелиравме до надлежните институции да ја слушнат волјата на заедницата и да преземат одговорност пред историјата и идните генерации. Беше креирана и петиција која собра над 1000 потписи“ стои во соопштението.

    Од Охрид СОС додаваат дека Охрид забрзано го губи архитектонското наследство од минатото, уникатни објекти беа срушени изминативе години а голем број се во опасност од рушење или пропаѓање.

    „Се чини како Заводот за заштита на спомениците од Охрид и Управата за заштита на културното наследство да не прават ништо за да се спречи овој негативен тренд. Бараме од нив додека не е предоцна, да ги спречат градежните работи на оваа локација и да се сочува оваа уникатна градба од поновата охридска историја“ велат од Охрид СОС.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.