Со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, која ќе се одржи на 31 мај со почеток во 20 часот и ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков се затвора 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
„Токму улогата на Набуко беше едно од неговите најзначајни и највпечатливи сценски остварувања на матичната сцена. Неговото име и уметничко наследство ќе останат трајно врежани во историјата на македонската опера, соопштија од НОБ во најавата на
операта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
