Учениците во средното училиште „Кочо Рацин” ќе имаат можност да се вклучат во дополнителни физички активности и рекреација во текот на училишниот ден, благодарение на новите спортски реквизити поставени во училишниот двор.
Градоначалничката Данела Арсовска информира дека оваа иницијатива става акцент на посветеноста кон промовирање на здрав начин на живот кај младите луѓе преку подобрување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта.
-Со инвестирање во простори кои се безбедни и корисни за спорт, рекреација и дружење, се обезбедува дополнителна содржина за средношколците во рамки на училишните спортски активности со спортските реквизити кои се безбедни, функционални и дизајнирани за секојдневна употреба – вели Арсовска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
