Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Ќе се инвестира во унапредување на дејноста на туристичките водичи
    Култура

    Ќе се инвестира во унапредување на дејноста на туристичките водичи

    11/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На иницијатива на Министерството за култура и туризам формирана е работна група составена од претставници од секторот туризам при Министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружението на туристички водичи (ЗТВПМ) , како и од експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ќе ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници.

    Како што информира Министерството за култура и туризам, на првиот состанок на работната група се идентификувани клучните предизвици и е постигнат договор за мерки кои ќе обезбедат унапредување на квалитетот и професионалноста во дејноста на туристичките водичи. Туристичките водичи од Македонија, изнесоа јасни и конкретни барања за подобрување на условите за работа, со цел стандардизација на дејноста и унапредување на туристичката понуда на државата. Водичите се првиот контакт на туристите со Македонија – културни амбасадори кои имаат клучна улога во создавање на впечатокот за нашата земја. Затоа нивната работа мора да биде соодветно вреднувана, регулирана и поддржана.

    Министерот Љутков нагласи дека инвестирањето во квалитетот и професионалноста на туристичките водичи е еден од најважните чекори за развој и позиционирање на Македонија како конкурентна и атрактивна туристичка дестинација.

    -Акцентиравме проблеми кои се резултат на одредени слабости во регулативата поради кои професијата туристички водич не е на нивото кое го заслужува, а со тоа квалитетот и конкурентноста на туристичкиот производ не достигнува задоволителен стандард. Овие слабости овозможуваат водичи од различни држави да ги презентираат културните добра, традиционалните културни вредности гледани низ нивните наочари, тука е и слабата заштита на домашните туристички водичи. Одлучивме да ги отстраниме овие слабости и да ги заштитиме домашните туристички водичи, за таа цел формирани се стручни работни групи каде партиципираат и здруженијата на водичи и високообразовните установи за туризам со кои во тесна соработка работиме на отстранување на слабостите во регулативата како би постигнале подостоинствена и попочитувана професионална дејност на туристичкиот водич во Македонија, рече Љутков.

    Во насока на унапредување на дејноста на туристичките водичи, Министерството за култура и туризам, како што нагласува, ја зацврстува својата улога како клучна институција во подобрување на условите за работа, едукација и промоција на оваа значајна професија.

    -Во рамки на своите нови ингеренции и преку овие активности, ја потврдуваме својата определба за креирање квалитетна, професионална и конкурентна туристичка понуда, во која туристичките водичи ќе бидат еден од клучните столбови на националниот туристички развој. Туристичкиот водич станува културен медијатор кој го приближува нематеријалното културно наследство до туристите. Меѓу приоритетните задачи кои се разработуваат се: усвојување поквалитетни стандарди за едукација на стручни и професионални водичи, подигнување на квалитетот на туристичките услуги, можности за основање на туристичка инспекција со широки надлежности која ќе ги спречи нелиценцираните водичи и неовластеното вршење на дејноста, со што ќе се заштитат професионалците и ќе се зачува угледот на туристичката индустрија. Координација и усогласување на законската регулатива во насока на јасен и ефикасен правен систем за унапредување и заштита на професијата туристички водич, какои заштита на државата од ширење на невистини и искривување на историјата и културното наследство, со цел зачувување на веродостојноста и интегритетот на културните вредности, наведува Министерството.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.