Во Градската општа болница денеска околу 10:55 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од установата во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско.
-Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат, изјавија од Градската општа болница.
Околностите под кои настанал инцидентот засега не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за расветлување на случајот.
Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
