Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Синдикалната минимална кошница во мај изнесува – 68.743 денари
    Економија

    Синдикалната минимална кошница во мај изнесува – 68.743 денари

    20/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува 68.743 денари, што претставува намалување од 54 денари во однос на април, кога изнесувала 68.797 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

    Според пресметките на ССМ, доколку во трошоците се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност на синдикалната кошница се искачува на 84.117 денари.

    Најголем дел од месечните трошоци и понатаму се однесуваат на храна и пијалаци, за кои во мај биле потребни 25.475 денари. Оваа категорија останува најголем поединечен трошок во структурата на минималната кошница.

    За образование биле издвоени 7.192 денари, додека за облека и обувки 6.334 денари. Трошоците за домување, односно станарина, вода, електрична енергија и греење, изнесувале 6.338 денари.

    Во делот на транспортот се издвоени 5.041 денар, а останатите средства се распределени за други основни потреби на едно четиричлено домаќинство, согласно методологијата на ССМ.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.