Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП, кажа Мицкоски
    Политика

    Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП, кажа Мицкоски

    12/05/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање околу главните предизвици во двете години од мандатот, кое беше поставено во текот на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“.

    „Успехот е мерлив ако зборуваме емпириски, ако не создавате нови проблеми во вашето време, бидејќи и ова ваше време еден ден ќе заврши и вие ќе заминете од политиката и да не оставите такви проблеми на генерациите кои што доаѓаат. А вештината да решите многу од тој товар од минатото вас ќе ве направи успешен повеќе или помалку. Тоа е суштината“, подвлече Мицкоски и додаде:

    „Минатата беше година која што ја одбележа оној ужасен настан во Кочани. Оваа година првите два месеци, јануари и февруари месец започнаа исклучително добро и над нашите очекувања, макроекономски и фискално. Но, потоа се случи конфликтот во Заливот и тоа неминовно влијае врз сето она кое што се вели политика, но и врз економијата на една држава. За разлика од останатите земји во регионот, ние не очајувавме, не плачевме, не кукавме, туку едноставно влеговме во решавање на проблемот, онолку колку што може да се решава и мислам дека прилично успешно успеавме досега да го решиме и покрај тоа што имавме исклучително големи фискални откажувања, коишто на прв поглед може да се очекува да влијаат врз буџетот. Но, принципот економија на обем, којшто го применивме, до овој момент, можам да кажам дека не само што не ги почувствуваме, туку напротив ги надминаа и нашите очекувања во услови на криза“.

    Според него, ние во ниту еден момент не рековме дека не извезуваме гориво од државата, не ги лимитиравме испораките на гориво во држава и убедливо имаме најниска цена и за дизелот и за 95 и за 98 октанскиот и истовремено, од аспект на даночната политика стоиме добро во рамките на буџетот. Овој предизвик во овој момент претставува најголема непозната во равенката за Владата и политиките, бидејќи никој не знае колку долго ќе трае и врз основа на претпоставени сценарија да влечеме потези.

    „Ние имаме шест квартали по ред како Влада со 3,5 проценти, над 3,5 проценти реален раст поради дефлаторот инаку, номиналниот е над 7,5 проценти. Оваа година според Меѓународниот монетарен фонд, ние ќе дојдеме отприлика до БДП номинален околу 22 милијарди долари. Три пати повеќе е зголемен номиналниот бруто домашен производ за две години, отколку споредено во периодот 2018-2023 за шест години,“ информираше Мицкоски.

    На прашањето кои се трите најзначајни познати во равенката за економски раст за да дојдеме до повисоки стапки на економски раст Мицкоски одговори: „Една е, а тоа е поврзувањето. Ние треба да го изградиме темелот, ние го немаме темелот и тоа е суштината. Единствената компаративна предност што ние ја имаме со конкуренцијата во регионот и во Европа е тоа што сме место на поврзување на два важни европски коридори, тоа е коридорот 10 и коридорот 8. Се друго, ако го мериме како компаративна вредност можете да го најдете кај било која конкуренција во регионот или во Европа. Ако ние тоа го направиме тогаш може да развиваме се. Ние тоа не сме го направиле“.

    „Нашата цел е најголем дел од овие делници да го завршиме во рамките на мандатот на оваа Влада. Тоа е патното поврзување, коридорот 10, горе доле патно сме поврзани, од Табановце до Гевгелија, со автопат. Но, коридорот 8 потребно е да се заврши и да тука многу жестоко работиме, со жестока динамика да сето тоа да се заврши, иако е прилично предизвикувачки проект, со што конечно ние патно ќе имаме озбилно добро квалитетно поврзување“, истакна премиерот Мицкоски.

    Тој се осврна и на железницата, информирајќи дека конечно се одблокира третата секција од коридорот 8 којшто треба да ја поврзе Крива Паланка со границата и дека наидовме на разбирање кај нашиот источен сосед, и тие својот дел од коридорот 8 да го стават како приоритет, а изрази надеж дека и нашиот западен сосед коридорот 8 ќе го стави како приоритет. На тој начин ќе имаме и железничко поврзување, кое треба да биде значајно не само за нас туку и генерално за европската економија.

    Поврзани вести:

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Мицкоски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.