Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВРЕДИ официјално се обедини во една политичка партија
    Политика

    ВРЕДИ официјално се обедини во една политичка партија

    09/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Коалицијата ВРЕДИ вечерва официјално се обедини во единствен политички субјект на Конгресот што се одржа во Скопје, во присуство на околу 850 делегати.

    Еден од ко-претседателите на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во своето обраќање истакна дека постојат моменти кога политиката станува неопходност, а не само натпревар, оценувајќи дека земјата има потреба од единство и нов политички пристап.

    Тој нагласи дека различни политички структури и искуства се обединиле околу заедничка цел – отворање ново поглавје за Албанците во државата и ставање крај на, како што рече, долг период на стагнација и политички скандали.

    Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали порача дека обединувањето испраќа јасна порака за европска ориентација и политичко единство.

    Тој потсети на протестите од пред една деценија во Скопје и оцени дека евроинтеграцијата останува единствениот пат без алтернатива.

    Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Тетово, Билал Касами, изјави дека новата партија има цел да изгради поодговорна, институционална и стабилна политичка култура.

    Според него, ВРЕДИ се позиционира како политички субјект од десниот центар, базиран на вредности како семејството, чесната работа, претприемништвото, идентитетот и функционалните институции.

    На Конгресот присуствуваше и косовскиот премиер Албин Курти, кој порача дека одржувањето на собирот на Денот на Европа носи силна симболика и потсетува на вредностите врз кои е изградена современа Европа.

    Поддршка за новиот политички субјект изразија и претставници од Албанија и Прешево.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вреди конгрес партија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.