Синдикатот на културата упати повик до своето членство и јавноста за мирен протестен собир кој ќе се одржи утре во 19 часот на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, пред Националната опера и балет.
Од Синдикатот порачуваат дека културните настани кои публиката ги гледа на сцена се резултат на долгогодишен труд, знаење и посветеност на уметниците и културните работници, додавајќи дека „зад секој аплауз стои човечки живот, но зад завесата мора да стојат права“.
Во повикот се нагласува дека, според нив, овие права се доведени во прашање, поради што се организира собирот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
