Македонската влада е подготвена на дијалогот со соседна Бугарија, но подготвеност за уставни измени во овој момент нема и нема дилема по тоа прашање, дециден е министерот за надворешни работи и надворешена трговија Тимчо Муцунски кој утрово оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата.
Муцунски нагласи дека владата прави конкретни работи поврзани со европската перспектива, а тоа спроведување на реформската агенда, потоа во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, а најмногу во имплементација на европските вредности.
Во однос на натамошниот развој на билатералните односи со Бугарија по формирањето на владата на Румен Радев, Муцунски очекува свест во Софија зошто, како што рече европската перспектива за Македонија е значајна за целиот регион.
