Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај во Паркот на Франкофонијата
    Скопје

    „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

    07/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“, настанот е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат.

    Настанот беше најавен на прес-конференција во Паркот на Франкофонијата, на која присуствуваа претставници на организацијата, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, главниот уредник на „Поточиња“ Оливер Папоњак, како и изведувачите Мишел Трајковски и Михаило Митов – Спарк

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до сите жители на Општина Центар и на градот Скопје, како и до сите оние што сакаат да се забавуваат и да уживаат во прекрасна храна, да се придружат на настанот и заедно да го прославиме Денот на Европа.

    „‘Нож и виљушка на европска чинија’ прерасна во убава и препознатлива традиција, која веќе неколку години по ред се одржува во Паркот на Франкофонијата. Се дружиме, се запознаваме со различни култури и вкусови и разменуваме искуства. Ова е наш начин заедно да го одбележиме 9 Мај – Денот на Европа, со нашите сограѓани и европските пријатели, во добро расположение, со богата музичка програма и гастрономија од сите меридијани“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

    Организаторите најавија дека „Нож и виљушка на европска чинија“ ќе понуди содржини за различни генерации, со акцент на музика, креативност, гастрономија и дружење на отворено. Идејата е преку урбана, достапна и комуникативна програма да се покаже дека различните европски култури и традиции можат природно да се надополнуваат преку вкус, звук и заедничко искуство.

    „Овој настан го замисливме како отворена градска приказна во која и македонската трпеза е дел од европската гастрономија, а сето тоа се доживува преку музика, вкусови и дружење. Сакавме да создадеме настан што ќе ја спои европската културна разновидност со македонската традиција и нашата препознатлива дружељубивост. Паркот на Франкофонијата е вистинско место за таква средба – отворено, живо и блиско до граѓаните“, изјави Сандра Темова.

    Оливер Папоњак, главен уредник на „Поточиња“, со чиј настап точно напладне започнува програмата, истакна дека настанот има и силна едукативна димензија:

    „Кога зборуваме за Европа, важно е таа приказна да им ја приближиме и на децата, на јазик што тие го разбираат – преку песна и игра. Нашата цел е децата да почувствуваат дека различноста е богатство, дека културата се споделува и дека заедништвото се учи од најрана возраст.“

    Во рамки на програмата ќе настапи и Михаило Митов – Спарк, блуз изведувач, кој ќе донесе поинаков музички колорит на настанот.

    „Голема благодарност за поканата до Општина Центар и организаторите на оваа манифестација. Мило ми е што блуз музиката ќе биде чуена на 9 мај. Огромно задоволство ми е што сум дел од оваа манифестација и упатувам повик до сите генерации да дојдат на одлична забава“, изјави Митов.

    Музичката програма ќе ја збогати и Мишел Трајковски, кој најави атмосфера на отворено дружење:

    „Убаво е кога музиката излегува од салите и клубовите и станува дел од градскиот простор. Кога ќе се спојат музика, гастрономија и традиција, се создава чувство на заедништво што природно ѝ прилега на оваа приказна.“

    Организаторите очекуваат „Нож и виљушка на европска чинија“ да понуди уникатно доживување во кое европската култура, македонската традиција, музиката и гастрономијата ќе се спојат во отворена и пријатна атмосфера за сите генерации.

    Настанот ќе се одржи на 9 мај 2026 година во Паркот на Франкофонијата, со поддршка од Општина Центар и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ЕВН најави прекини на електрична енергија во две скопски општини

    06/05/2026

    По години застој, мостот „Михајло Апостолски“ пред пуштање во употреба

    05/05/2026

    Виноскоп влегува во пролетен ритам со петдневна музичка програма во Градски парк

    05/05/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.