Владата преговара на билатерално ниво и бара генерално решение заради надминување на пречките со системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) за македонските граѓани, изјави премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на опозициската СДСМ која го критикуваше заради неговиот повик за свртување кон домашниот туризам.
– Ние бараме генерално решение, не само за летниот период иако вчера имаше одредени кругови кои се обидоа да ме исмејат за тоа што го кажав, јас уште поцврсто стојам на ставот дека Македонија е преубава земја и дека има прекрасни езера, планини, села, што ќе можат да се посетат за време на летниот одмор. А има таков тип на луѓе кои повторно ќе ме исмејат, но јас повторно уште поцврсто стојам на својот став, нагласи Мицкоски.
СДСМ смета дека македонските граѓани со политиките на Мицкоски за стопирање на ЕУ интеграциите ќе ги доведе до „потполна изолација”.
