Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно намалување на бројот на американски војници во Италија и Шпанија, истакнувајќи дека „веројатно ќе го разгледа тоа“. Тој остро ги критикуваше двете земји, велејќи дека Италија „не била од никаква помош“, а Шпанија „била ужасна“.
Претходно, Трамп најави дека САД размислуваат и за намалување на военото присуство во Германија. Според податоците, на крајот на 2025 година во Германија имало над 36.000 американски војници, во Италија околу 12.600, а во Шпанија околу 3.800.
Трамп ги обвини сојузниците од НАТО дека не помогнале во операциите против Иран и во обезбедувањето на пловидбата низ Ормутскиот теснец.
Дополнително, САД разгледуваат и можност за суспензија на Шпанија од НАТО поради одбивањето да ги поддржи воените активности против Иран.
