Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Владата ја продолжи мерката за намалена акциза на горивата до 4 мај
    Економија

    Владата ја продолжи мерката за намалена акциза на горивата до 4 мај

    18/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај. Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар.

    Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително намалување на малопродажните цени на горивата, со што се ублажува притисокот врз трошоците на живот и се амортизираат инфлаторните импулси.

    „Со продолжувањето на оваа мерка, Владата јасно демонстрира проактивен и одговорен пристап во управувањето со кризата, при што приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и одржувањето на економската стабилност.

    Дополнително, имајќи ги предвид стабилизациските ефекти од досегашните мерки и тековните движења на цените, Владата донесе одлука за измена на Одлуката за примена на повластена даночна стапка на додадена вредност. Согласно оваа измена, повластената стапка од 10% ќе продолжи да се применува за бензините, додека за останатите производи се врши враќање на редовната стапка од 18%.

    Оваа мерка претставува внимателно балансиран пристап меѓу потребата за таргетирана поддршка на граѓаните и обезбедувањето на фискална одржливост, при што Владата останува целосно посветена на континуирано следење на состојбите и навремено преземање на соодветни економски политики.

    Согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Истовремено, останува во сила и претходно договорениот механизам со нафтените компании, согласно кој се обезбедува дополнително намалување од 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините. Со ова, се постигнува кумулативен ефект на намалување на цените, кој директно се рефлектира во намалување на трошоците за транспорт и во ублажување на инфлаторните притисоци врз економијата“, соопшти владината прес-служба.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.