Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе престојува во работна посета на Турција, каде што ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од утре до недела на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите”.
За денеска пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, а утре таа ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија.
На Дипломатски форум во Анталија, најавени се учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава или влада.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
