Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Екипажот на „Артемис 2“ по десетдневното патување до Месечината, се врати на Земјата
    Свет

    Екипажот на „Артемис 2“ по десетдневното патување до Месечината, се врати на Земјата

    11/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Екипажот на мисијата „Артемис 2“ безбедно се врати од првиот лет на човештвото до Месечината по повеќе од половина век. Четворицата астронаути слетаа во Пацификот според планот, соопшти американската вселенска агенција. Капсулата „Орион“ при слетувањето беше успорена со неколку црвено-бели падобрани.

    Семејствата на астронаутите се собраа во просторот за посетители во контролниот центар, каде што се слушна силен и френетичен аплауз кога капсулата слета во водата. „Совршено прецизно слетување во водата“, изјави со радост портпаролот на НАСА, Роб Навијас.

    Екипажот минатата недела полета од космодромот Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида и потоа ја обиколи Месечината. Американските астронаути Кристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсмен и Канаѓанецот Џереми Хансен се оддалечија од Земјата повеќе од кој било човек досега.

    Со тоа мисијата заврши според планот. Екипажот слета во водите на Тихиот Океан јужно од Калифорнија, како што беше предвидено. Таму четворицата членови на екипажот беа пречекани од спасувачки тимови, соопшти НАСА. Тие требаше да бидат однесени до специјален брод, а подоцна назад во Хјустон.

    Инаку, враќањето на Земјата се одвиваше под екстремни услови: при повторниот влез во атмосферата, со брзина поголема од 38.000 километри на час, вселенското летало „Орион“ беше изложено на температури над 2.700 степени Целзиусови.

    Мисијата „Артемис 2“ се сметаше за генерална проба за планираното слетување на Месечината во 2028 година. Долгорочната цел е изградба на постојана станица на Месечината.

    Поврзани вести:

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    артемис 2 екипаж земја месечина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    20/11/2026

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.