Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»ВИДЕО: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од менаџментот на Зоолошка
    Некатегоризирано

    ВИДЕО: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од менаџментот на Зоолошка

    08/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

     

    Денеска дел од советничката група на оваа парија направила вонредна посета на ЗОО,  кадешто за помалку од месец дена угинаа повеќе животни, соопшти советникот Стефан Кирков нагласувајќи дека побарале одговорите од менаџментот на оваа установа, но  тие биле игнорирани како и секогаш кога се работи за прашања поврзани со оваа установа и немало никој да каже што конкретно се случува таму.

    – Сакаме да ја информираме целата јавност дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кога се работи за Зоолошката градина и сето она кое требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано. Субвенции, неколку пати го субвенционираме ова јавно претпријатие, развојната, инвестиционата програма, дел од вработувањата, се е поминато од страна на нас како советници, но проблемот со функционирањето на Зоолошката градина сепак гледаме до каде не доведе. Таа е една темна приказна кадешто за пократко време умираат повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности. Исто така сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава до АХВ, веднаш постапи и направи вонреден инспекциски надзор – вели Кирков.

     

    Според нивни сознанија, биле  констатирани  низа прекршоци и изречена била финансиска казна за правниот субјект и за директорот поради тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами кои починале неодамна, а за кои е констатирано дека имале заразна болест туберкулоза, болест која, како што вели, е пренослива  и на луѓе . Исто така, од АХВ било констатирано дека и останатите две лами  имаат симптомите на туберколоза и наредено ббило веднаш да бидат изолирани од посетители и од останатите животни.

    – Во оваа установа се работи тотално аматерски и тоа навистина е загрижувачки, нека оваа наша посета и посетата на АХВ бидат аларм да се направи некоја измена и да почне да се работи онака како што треба, за да не дојдеме до ситуација да се прогласи епидемија и повторно оваа установа да доживее, да има клуч на својата врата. Бараме веднаш оставки од целиот менаџмент на установата како и брза реакција на градоначалничката поради тоа што сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови. Скопје не заслужува да му се случува ова, а Зоолошката градина се наоѓа во срцето на Скопје. Таа е една од најстарите зоолошки градини во Европа и во моментов како што кажав ги доживува своите најтемни денови од своето постоење. Алармираме веднаш да се преземе нешто, под итно одговорност, и ги уверуваме сите дека за многу кратко време од сега доаѓаат и многу поубави денови за Скопје ЗОО – наглаџси Кирков.

    Поврзани вести:

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Зоо оставка
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Се спроведува есенска дератизација во Општина Центар, опфатени околу 2.000 шахти

    19/10/2026

    Нови асфалтирани улици во Илинден, Мршевци, Марино и Кадино

    19/10/2026

    Подобри услови за најмладите: Градинките во Кисела Вода добија нови едукативни материјали

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.